словенофоб | м.
Приврзаник на словенофопството;
словенофобија | ж.
Омраза, непријателство кон сè што е словенско;
словенофопски | прид.
Што се однесува на словенофоб и словенофобија. Словенофопски погледи.
словенофопство | ср.
слово | ср.
(арх.) Збор.
слог 1 | м.
Дел од нива меѓу две бразди.
слог 2 | м.
Еден или повеќе гласови што се изговараат со едно издишување. Акцентот паѓа на третиот слог.
слог 3 | м.
Сложени печатарски букви во текст за печатење.
слога 1 | ж.
Целосна согласност во мислењето, постапките, желбите меѓу луѓето, поклопување на чувствата и волјата помеѓу две или повеќе лица. Живееја во слога и разбирање. Мир, љубов и слога посакуваа сите. Имаа слога во семејството.
слога 2 | ж.
Наредени дрва покрај ѕид; камара.