слон 1 | м.

Заграден, отворен дел пред зимско трло.

слон 2 | м.

(зоол.) Најголем сувоземен цицач, кој живее во саваните и шумите на Азија и Африка; Индиски слон; Elephas. Африкански слон; Loxodonta africana.

слоница | ж.

Заслон за заслонување на овчарите од невреме.

слониште | ср.

Место кај што има кошари од леси за ситен добиток.

слонов | прид.

Што припаѓа на слон2; што е од слон. Слонова коска. Слонова кожа.

слоновски | прид.

Што се однесува на слон2. Слоновска сурла.

слонски | прид.

слонче | ср.

Младо од слон.

слота | ж.

Лошо и мокро место.

слоши (ми) се | св.

Стане лошо некому. Малку ми се слоши, но сега ми е подобро. Му се слоши зашто многу испи. Им се слоши, па излегоа надвор на воздух.