слоган | м.

Кратка фраза што се користи како основна мисла, содржина на нешто што им се предочува на другите, најчесто на широките народни маси во рекламирање на нешто, при политички кампањи и сл.; парола.

слоговен | прид.

Што се однесува на слог2, што може да образува слог. Слоговно р. Слоговен елемент. Слоговна поделба на зборот.

слоготворен | прид.

Што може да образува слог 2; слоговен.

слоевит | прид.

Што се состои од слоеви. Слоевити карпи. Планирањето е слоевит творечки чин. Слоевит текст. Неговиот лик е слоевит.

сложен 1 | прид.

Што има слога, што има исто мислење, што добро се согласува, што има единство. Сложни браќа. Сложно семејство.

сложен 2 | прид.

За пат ‒ што се спушта или издига благо, постепено. Додека е патот вака сложен, лесно ќе одиме. Таму доловите беа посложни. Планината е сложна и има многу места да се разиграат коњите.

сложен | прид.

Што се состои од неколку дела, елементи; прост. Сложена реченица. Сложени зборови.

сложенка | ж.

Сложен збор обично од два полнозначни збора. Сложенките заземаат важно место во зборообразувањето.

сложи | св.

Подреди на едно место по определен ред разни предмети. Стариот ги сложи дрвата во визбата.

слом | м.

Пораз, уништување, пропаст. Нервен слом. Непријателот претрпе слом. Доживеа целосен слом.