самоизгради се | св.

Изгради самиот себеси, подобри сопствената личност со сопствени сили, без туѓа помош. Не беше образована, но затоа се самоизгради кога веќе беше возрасна.

самоиздржи се | св.

Обезбеди издршка на самиот себеси; обезбедува самиот основни, животни потреби.

самоиздршка | ж.

Издржување на самиот себеси, обезбедување, задоволување на сопствените основни, животни потреби.

самоизмама | ж.

Измама на самиот себеси. Свесна самоизмама. Жртва на самоизмама.

самоизмами се | св.

Се измами самиот себеси. Се самоизмами дека тој се променил.

самоизмамнички | прид.

Што се однесува на самоизмама.

самоизмачи се | св.

Измачи самиот себеси. Се самоизмачи со постојаното размислување.

самоизолација | ж.

Доброволна изолација на самиот себеси, свесно одвојување од средината. По тоа што се случи се повлече во самоизолација.

самоилузија | ж.

Илузија, привид предизвикан од себеси. Живееше во самоилузии.