самоиницијатива | ж.
Иницијатива со личен поттик без наметнување отстрана. Пројавува самоиницијатива. Сè се случи по негова самоиницијатива.
самоиницијативен | прид.
Што пројавува самоиницијатива; што е поттикнат од самоиницијатива. Самоиницијативен потег.
самоиронија | ж.
Иронија насочена кон самиот себеси. Блага самоиронија. Доза на самоиронија.
самоисклучи се | св.
Исклучи самиот себеси од некаква организација, група и сл. Тој се самоисклучи од редовите со неколкумесечното недоаѓање.
самоисмевање | ср.
Исмевање на самиот себеси
самоиспита се | св.
Испита самиот себеси. Се самоиспитуваше до лудило.
самоистреби се | св.
За множество, многумина, сите – се истреби еден со друг. Се самоистребија до еден.
самоказнување | ср.
Казнување на самиот себеси.
самоквас | м.
Млеко што се поткиселило самото од себе.
самокитка | ж.
Вид многугодишно растение со розетни листови, со јадри цветови групирани во грозд или метличка со жолта или сина боја; Aconitum nallepus.