самоков | м.

Чекан што се движи со силата на вода, пареа или на електрична енергија.

самоконтрола | ж.

Контрола над сопствените чувства, постапки, работа и сл. Полна самоконтрола. Тој ја губеше самоконтролата.

самокори се | несв.

Кори самиот себеси; . Се самокореше за непромислената постапка.

самокритика | ж.

Критика искажана за себеси, за сопствените постапки и работа; за сопствените слабости и недостатоци. Лажна самокритика. Чувство за самокритика.

самокритикува се | несв.

Искажува критика за самиот себеси, за сопствените постапки и работа, за сопствените слабости и недостатоци. Никогаш не се самокритикуваше.

самокритичен | прид.

Што се однесува критички кон себеси. Самокритичен човек. Самокритични ученици.

самокритички | прид.

Што се однесува на самокритика. Самокритички пристап.

самолеплив | прид.

Што е премачкан со слој лепило што овозможува брзо и лесно поставување на местото наменето за тоа.