смреков | прид.

Што се однесува на смрека, што е направен од смрека. Смреков плод. Смреково стебло. Смрекови столчиња.

смрековина | ж.

Смреково дрво. Наоколу се ширеше мирис на смрековина.

смрзнат | прид.

Што е претворен во мраз, во лед; замрзнат Смрзната вода. Смрзнато езеро.

смрзне | св.

За течности ‒ мине во цврста состојба, стане мраз; замрзне Водата во шишето смрзнала.

смрка | несв.

смрлушен | прид.

смрмори | св.

Одеднаш почне да мрмори; замрмори. Старицата смрмори нешто и седна.