смрси | св.
За конец, јаже, коса и сл. ‒ сплетка, исплетка; Детето ѝ ги смрси конците за везење. Ветрот ѝ ја смрси косата.
смрт | ж.
а) Престанување на животот, на животните функции на организмот (на човек, животно, растение), престанување на животот на единката како посебен жив организам; умирање. Ненадејна смрт. Насилна смрт. Херојска смрт. Го осудија на смрт. б) Престанување на биолошката размена на материите во организмот, во еден негов дел или орган. Физиолошка смрт. Смрт на клетките.
смртен | прид.
Што се однесува на смрт. Смртен час. Смртен случај.
смртник | м.
Тој што е смртен, што е подложен на смрт. Обичен смртник.
смртност | ж.
Особина на тој што е смртен. Смртноста е одлика на живиот свет.
смртоносен | прид.
Што предизвикува, причинува смрт. Смртоносен отров. Смртоносна рана. Смртоносно оружје.
смрчка | ж.
Вид печурка што се јаде; Morchella vulgaris.
смрштен | прид.
Што е покриен со брчки, збрчкан. Смрштено лице. Смрштени веѓи.
смршти | св.
Направи, покрие со брчки. Го смршти челото.
смрѓа | ж.