смушне се | св.
Се провре, влезе или излезе крадешкум, незабележано. Се смушнал низ врата.
снаа | ж.
Жената на синот во однос на неговите родители, браќа и сестри и другите членови од семејството. Старата имаше две снаи. Брат ми и снаа ми не живеат тука.
снабден | прид.
Што е обезбеден со нешто нужно, неопходно. Добро снабдена продавница.
снабди | св.
Достави, обезбеди нешто нужно, неопходно. Стариот ги снабди со леб и млеко. Ја снабдија фабриката со суровини.
снабдител | м.
снабдувач | м.
Тој што врши снабдување. Снабдувачот навреме ја достави стоката.
снабдување | ср.
Глаголска именка од снабди.
снаби | несв.
снабник | м.
снага | ж.
Човечко тело. Витка снага. Цврста снага. Гола снага. Машка снага.