снажен | прид.
Што е добро, силно развиен. Снажен човек. Снажна снага.
снаин | прид.
Што ѝ припаѓа на снаа. Снаина облека.
снаодлив | прид.
Што умее да се снајде, да излезе од тешка состојба. Снаодлива жена. Снаодливи луѓе.
снаоѓа (се) | несв.
снајде | св.
Погоди, се случи некому, обично, нешто лошо. Го снајде голема несреќа. Ја снајде лоша судбина.
снајпер | м.
Вид пушка со оптички инструмент наменета за прецизно стрелање. Од покривот некој пукаше со снајпер.
снајперист | м.
Тој што гаѓа, што стрела со снајпер. Искусен снајперист.
снајперка | ж.
сневесели се | св.
Се растажи, стане невесел. Се сневесели кога остана сам.
сневиди се | св.
Обично во состави: Да ми (ти, му...) се сневиди ‒ вид блага клетва, израз на незадоволство од некого, од нешто.