снимка | ж.
Слика од некого или на нешто направена со помош на фотографирање. Фотографска снимка. Рендгенска снимка.
снисходителен | прид.
снисходлив | прид.
Претерано благонаклонет, услужлив, неприродно љубезен, понизен, што се додворува. Снисходлива жена.
сноб | м.
Тој што се прави отмен, што сака да ги следи модата, манирите, животот на интелектуалната и културната елита на која не ѝ е дораснат, т.н. високи кругови. Градски снобови.
снобизам | м.
Однесување, манири на сноб. Снобизмот и расипништвото му го уништија животот.
снова (се) | несв.
сновалка | ж.
Дел од направа за сновење на преѓата за основа при ткаење. Вешто ја провираше сновалката во основата.
сновачка | ж.
Жена што приготвува основа за ткаење. Сновачката си ја заврши работата навреме.
снове | несв.
Приготвува основа за ткаење. Старицата сновеше на мотовило.
сновидение | ср.
Тоа што се видува на сон. Мрачни сновиденија.