сноп | м.
Голем куп, множество од врзани ожнеани житни стебла со класје или врзани стебла, прачки од други растенија. Пченични снопови. Снопје јачмен. Снопје трска.
снопи | несв.
Врзува, прави снопје. За нецел ден ја снопија пченицата.
снопчест | прид.
Што личи на сноп. Снопчести мускули.
сносен | прид.
Што може да се поднесе; поднослив. Сносен живот. Сносна цена.
сноси | несв.
Поднесува, издржува, прима врз себе нешто. Сноси одговорност. Сам ја сноси вината. Тие ги сносат трошоците.
снослив | прид.
сноштен | прид.
Што се случил сношти или е од сношти. Сношна разделба. Сношни разговори.
сношти | прил.
Минатата вечер, вчеравечер, синоќа. Сношти бевме на кино. Се вратија сношти.
сноќи | св.
Безличен. а) Надвор сноќи. б) Ме (те, го...) фати ноќ. Го сноќи во кафеана.
со | предл.
Значење на средство, орудие, инструмент и сл. со кој се врши некое дејство. Сече дрва со пила. Го истепа детето со прачка. Јаде со прсти. Патува со воз.