самонабљудение | ср.
самонабљудува се | несв.
Се набљудува самиот себеси, сопствените мисли и чувства, својата психичка и физичка состојба итн. Таа се самонабљудуваше и го откриваше своето скриено јас.
самоник | м.
Растение што никнало самото од себе, без човечки труд. Кајсија самоник.
самообвинение | ср.
Обвинение кон самиот себеси. Наметнато самообвинение. Се душеше во самообвиненија.
самообвини се | св.
Обвини самиот себеси. За да го заштити виновникот, се самообвини.
самообразова се | св. и несв.
Образова самиот себеси, без посета на настава и без помош од наставници. Се самообразова на туѓ јазик. Желбата да се самообразова не го напушти дури ни во поодмината возраст.
самообразование | ср.
Образование стекнато самостојно, без посета на настава и без помош од наставник. Филозофско самообразование. Самообразование од различни области.
самообразовен | прид.
Што се однесува на самообразование. Самообразовен процес. Самообразовен период.
самоограничи се | св.
Ограничи самиот себеси своите потреби, желби, интереси. Се самоограничи во темите што ги обработуваше.
самоодбрана | ж.
Одбрана на себеси со сопствени сили и средства, на личната сопственост и интереси; Оружје за самоодбрана. Убиство во самоодбрана.