соберува (се) | несв.
собеседник | м.
Тој што зборува со некого, учесник во разговор, соговорник. Интересен собеседник. Пријатни собеседници.
собеси | св.
Симне нешто обесено; Ја собеси сликата од ѕидот.
собир | м.
Организирана средба на поголем број луѓе заради разгледување на определени прашања; заседание, собрание. Научен собир. Меѓународен собир.
собира (се) | несв.
собиралиште | ср.
Место каде што се собираат луѓе, а поретко и животни; збиралиште, врталиште. Се собравме на собиралиштето под врбата. Храмот е собиралиште на сиромасите.
собирач | м.
Тој што собира, што се занимава со собирање на нешто. Собирач на стара хартија.
собирачки | прид.
Што се однесува на собирач и на собирање. Собирачка работа.
собирен | прид.
Што собира нешто. Собирен канал.
собирок | м.
Број што се собира со друг број. Непознат собирок.