соа | ж.
соавтор | м.
Лице што заедно, во соработка, содејство со друг се јавува како автор на нешто; коавтор. Тие се јавуваат како соавтори на неколку учебници.
соавторство | ср.
Заедничко авторство, коавторство. Монографијата излезе како соавторство од неколку истражувачи.
соалка | ж.
соаре | ср.
Домашна вечерна забава, вечеринка, седенка. На соарето беа повикани само млади луѓе.
соба | ж.
Просторија во која се работи, живее или има некоја посебна намена. Дневна соба. Работна соба. Гостинска соба. Болничка соба. Хотелска соба.
собар | м.
Тој што се грижи за собата, гардеробата и за лицето во чија служба работи. Висок собар. Стар собар.
собарка | ж.
собар_1
собен | прид.
Што се однесува, што припаѓа на соба. Собна температура. Собни цвеќиња.
собере | св.
а) За предмети ‒ прибере, стави заедно, на едно место, во определен ред. Собери ги шајките во кутијата. Ги собра книгите од кои учеше. Ги собра расфрланите играчки на децата. б) Прибере наменски, за хуманитарни цели. Со последната акција, тие собраа стара облека за децата без родители. Селаните собраа храна и облека за партизаните.