содаџија | м.

Производител или продавач на сода-вода. Млад содаџија.

содере | св.

Оддели, симне целосно или дел од кожа; дере. Ја содрав кожата.

содејство | ср.

Помош, поддршка, поткрепа при некое друго дејство, акција, работа. Побара содејство од населението. Во содејство со полицијата.

содејствува | несв.

Укажува содејство, потпомага. Новите мерки содејствуваат на постоечките закони.

содомит | м.

Тој што се предава на содомија.

содомија | ж.

Полово општење со животни.

содржаен | прид.

Што има богата содржина, голема внатрешна смисла. Содржаен реферат. Содржајна програма.

содржател | м.

Број што се содржи во други броеви. Најмал заеднички содржател.

содржи | несв.

Собира, опфаќа како содржина. Пакетот содржеше десетина книги. Бурето содржи вино.

содржина | ж.

Тоа што се содржи, што се наоѓа во нешто, од што се состои нешто. Содржина на шишето. Содржина на куферот.