соголен | прид.

Што е без облека, гол, непокриен. Соголени раменици.

соголи | св.

Симне облека од некого или од дел од телото. Ги соголи нозете. Го соголи детето да го измие.

согори | св.

Изгори, уништи со оган, со пожар. Гром ги согори електричните далноводи.

согорлив | прид.

Што може да согори. Согорлив материјал.

согради | св.

Изгради. Согради нова куќа.

сограѓанин | м.

Човек од еден град во однос на другите жители од истиот град. Богати сограѓани.

сода 1 | ж.

Натриумов карбонат добиен од природни наоѓалишта или произведен од готварска сол. Сода за сапун. Сода бикарбона. Каустична сода.

сода 2 | ж.

Пијалак добиен од вода и јаглеродна киселина, газирана вода, сода-вода. Шише со сода.

содаџилница | ж.

Продавница на сода.