сокачки | прид.

Што се однесува на сокак.

сокај | м.

Вид превез, дел од невестинска народна носија.

сокласник | м.

Тој што е од ист клас со некој друг. Сокласник од гимназија.

сокол | м.

Граблива птица слична на јастреб со изострено сетило за вид, која може понекогаш да се дресира за лов; Falco.

соколар | м.

Тој што чува и одгледува соколи за лов.

соколи | несв.

Поттикнува некого на храброст, влева некому храброст, охрабрува некого. Победата ги соколеше младите војници.

соколов | прид.

Што припаѓа на сокол. Соколов клун. Соколово око. Соколови пердуви. Соколово гнездо.

соколски | прид.

Што се однесува на сокол. Соколски лет.