сознание | ср.
Добиена претстава, знаење за нешто, за некој предмет, разјаснување на некој проблем со непосредно набљудување или посредно, со помош на друг. Тоа сознание го исполни со горчина. Сопствени сознанија. Научни сознанија.
сознателен | прид.
Свесен.
созрева | несв.
созрее | св.
а) Стане зрел, узрее. Пченицата созреа. Раните праски веќе созреаја. б) За некои производи – стаса за употреба, добие вкус. Кашкавалот созреа.
соиграч | м.
Тој што игра во двојка или во иста екипа, иста група играчи, учесник во игра.
соин | прид.
Што се однесува или што е направен од соја. Соино брашно.
сок | м.
Течниот дел од овошјето или зеленчукот. Лимонов сок. Сладок сок од лубеница. Сок од спанаќ.
сокак | м.
Тесна улица. Стар сокак. Сокаци со калдрма. Скита по сокаци.
сокапе | св.
Скрши, искрши нешто. Уште нова, колата ја сокапал.
сокачарка | ж.
Жена што денгуби, безделничи.