сокровиште | ср.

Пари, злато, разни скапоцености.

сол 1 | ж.

(само едн.) Кршлив и растоплив минерал со специфичен вкус што се користи како зачин или за конзервирање; натриумов хлорид. Готварска сол. Морска сол. Камена сол.

сол 2 | м.

Петтата нота од музичката скала.

солана 1 | ж.

Рудник за камена сол.

солана 2 | ж.

Направено скеле за сушење пастрма.

солар 1 | м.

Тој што произведува и преработува сол.

солар 2 | м.

Уред за користење соларна енергија.

соларен | прид.

Што се однесува на сонце; сончев. Соларен систем. Соларна светлина.