солариум | м.

Просторија посебно уредена и опремена за сончање во зимски услови или во медицински, лечебни и естетски цели.

соларник | м.

Сад во кој се чува солта. Стаклен соларник.

соларство | ср.

Производство на сол.

солвентен | прид.

Што има доволно средства за плаќање на долговите, платежно способен.

солдат | м.

Војник.

солдатеска | ж.

Неуредна, недисциплинирана, агресивна војска.

солдатлак | м.

Војничка служба.

солен 1 | прид.

Што содржи сол, што е заситен со сол. Солена морска вода.

солен 2 | прид.

Што се однесува на сол_2 Солен раствор. Солна киселина.