соленикав | прид.

Што е малку солен. Соленикаво печиво.

соленка | прид.

(само во женски и среден род) Соленка супа. Јадењево е соленко.

соленка | ж.

Вид ситно солено печиво во разни форми.

соленоид | м.

Жица спирално намотана во еден или во повеќе слоеви, основа на електромагнетите.

солза | ж.

Капка безбојна, чиста и солена течност што ја лачат очните жлезди. Врела солза. Капна солза. Крупни солзи. Солзи в очи.

солзавец | м.

Вид боен отров што силно ги надразнува очите и го онеспособува човекот.

солзен | прид.

(анат.) Што се однесува на солза. Солзен канал. Солзни жлезди.

солзи | несв.

За око – пушта солзи од студ, чад и сл. Очите му солзеа од чад. Очите луто ѝ солзеа. Очите му солзеа од смеење.

солзлив | прид.