солница | ж.

Солена земја; слатина.

соло | прил.

Без учество на други, самостојно. Тој пееше соло.

соло | ср.

Музичка творба или дел од неа компонирана за исполнување од едно лице. Соло за пијано.

Соломони | и.

Островска држава во Тихиот Океан, дел од Меланезија.

сол-пипер | м.

Смеса од сол и толчен пипер.

Солун | м.

Град во Егејска Македонија, Грција.

Солунска Глава | ж.

Планински врв во Македонија.