солупи (се) | св.
солуција | ж.
Решение, за некое прашање како отворање можност за понатамошна постапка. Прифатлива солуција.
солфеж | м.
Вежби за пеење по ноти и за развивање на слухот. Часови по солфеж.
солца | ж.
Леб и солца.
сом | м.
Голема слатководна риба; Silurus glanis.
Сомалија | ж.
Држава во Африка.
соматолог | м.
Специјалист по соматологија.
соматологија | ж.
Наука за општите особина на човечкото и на животинското тело.
соматолошки | прид.
Што се однесува на соматолог и соматологија.
соматски | прид.
Што се однесува на телото, телесен.