солзница | ж.

Солзна жлезда.

соли | несв.

Додава, сипе сол во храна, посипува со сол нешто. Тој многу ја соли супата.

солидарен | прид.

Што покажува разбирање за заемна поддршка, што е израз на такво разбирање. Солидарна помош. Солидарна постапка. Солидарна поддршка.

солидаризира се | св. и несв.

Изјави, изјавува солидарност со некого, со нешто. Тој се солидаризирал со соседите заднички да го уредат паркчето пред зградата.

солидарност | ж.

Особина на тој што е солидарен, својство на тоа што е солидарно. Граѓанска солидарност. Човечка солидарност.

солиден | прид.

Цврст, траен, добро изграден. Солидна градба.

солило | ср.

Раствор од сол и вода во кој се чува сирење и др. Сирење во солило. Туршија со солило.

солист | м.

Музичар, пејач, балетан што настапува како изведувач. Вокален солист. Оперски солист. Солист на флејта. Балетски солисти.