самоодржи се | св.

Се одржи во живот самиот себеси, ја зачува својата личност при тешки околности. И покрај тоа што немаше никој покрај него во тешките моменти, успеа да се самоодржи.

самоодржување | ср.

Глаголска именка од самоодржува се.

самооплоден | прид.

Што самиот се оплодува. Некои зеленчукови култури се самооплодни.

самооплоди се | св.

Се оплоди без посредник.

самооплодување | ср.

Глаголска именка од самооплодува се.

самооправдување | ср.

Оправдување на себеси, на сопствените постапки.