самоопредели се | св.

Се определи сам во однос на националната припадност за животот во едно општество. Народот се самоопредели да живее во одделна држава.

самоопределување | ср.

Глаголска именка од самоопредели се.

самоорганизира се | св. и несв.

Се организира меѓусебно, без туѓа помош, без посредство на органите на власта. Населението се самоорганизира во справувањето со стихијата. Станарите се самоорганизирале при фаќањето на натрапникот.

самоорганизираност | ж.

Организираност без туѓо посредство. Во тие критични моменти, населението постигна висок степен на самоорганизираност.

самоосвести се | св.

Се освести самиот;

самоостварување | ср.

Остварување на сопствените цели и задачи. Со последното дело тој доживува целосно самоостварување.

самоосуда | ж.

Осуда на самиот себеси, на своите постапки. Чувство на самоосуда.

самооткажување | ср.

Подготвеност за нешто преку жртвување на личните потреби и желби. Целосно самооткажување.

самооценување | ср.

Оценување на самиот себеси. Самооценување на учениците.