сомбреро | ср.
Шпанска сламена шапка со многу широк раб што штити од сонце.
сомеле | св.
а) Со мелење претвори во брашно или направи нешто брашнесто. Треба да сомеле жито. Сомлев кафе. Сомели шеќер за колачите! б) Со мелење направи нешто на ситни парчиња. Месарот ќе го сомеле месото.
сомилосен | прид.
Што е склон кон сомилост. Сомилосна жена.
сомилост | ж.
Сочувство, жал поради туѓа несреќа. Тој се заблагодари за искажаната сомилост. Сомилост и гнев му ги исполнија градите. Напати чувствуваше сомилост кон изнемоштениот старец.
сомисленик | м.
Тој што има исто мислење со некого; истомисленик. Прилогот на таа тема ги импресионира неговите сомисленици.
сомнамбул | ж.
сомнамбулен | прид.
Што се однесува на сомнамбул и сомнамбули Сомнамбулни симптоми.
сомнамбулизам | м.
сомнева се | несв.
Изразува сомнение во нешто што се прикажува како вистинито, реално; не верува во нешто. Тој се сомневаше во квалитетот на производот. Родителите се сомневаа дека трагичната смрт на нивниот син е самоубиство. Професорот се сомневаше во точноста на неговите искажувања.
сомневање | ср.
Глаголска именка од сомнева. Сомневање во успехот.