сонатен | прид.

Што се однесува на соната. Сонатна форма.

сонатина | ж.

Мала, кратка соната.

сонда | ж.

(геол.)Апарат за мерење на земна и морска длабочина.

сондажа | ж.

(мед.) Испитување со сонда.

сондира | св. и несв.

Испита, испитува со помош на сонда. Научниците ги сондираа морските длабочини за да го истражуваат живиот свет.

сонет | м.

Поетска творба од 14 стихови во два дела ‒ првиот од две строфи со по четири стиха, вториот од две строфи со по три стиха.

сонетен | прид.

Што се однесува на сонет.

сони | св.

Види сон. Кога заспал, сонил чуден сон. Пак сонил познат сон. Во средата ја сонив ќерка ти.

сонлив | прид.

Што не е сосема буден; нерасонет. Сонлив глас. Сонливи очи.

сонливец | м.

Тој што често спие, што е склон кон спиење; спанко.