соновен | прид.
Што се однесува на сон. Соновна состојба.
соновник | м.
Книга што содржи толкување на соништа. Стар соновник.
сонок | м.
сонометар | м.
Апарат за мерење на силата на звукот, за испитување на слухот.
сонорен | прид.
За глас ‒ ѕвонлив, звучен.
сонува | несв.
Виѓава, гледа сон, виѓава, гледа некого или нешто на сон. Ноќва сонував убав сон. Детето сонуваше и плачеше во сонот. Три ноќи сонувала пожар.
сонувач | м.
Тој што сонува.
сонце | ср.
(астр., само едн.) Сонце, централно небесно тело во Сончевиот систем околу кое се врти Земјата. Затемнување на Сонцето.
сонцев | прид.
сонцељубив | прид.
Тој што ја сака топлината на сонцето.