сомун 1 | м.
Леб од бело пченично брашно, обично во тркалезна форма. Бел сомун. Сомун на софра. Топли сомуни.
сомун 2 | м.
Навртка.
сомунџија | м.
Тој што прави и продава сомуни; пекар.
сон 1 | м.
(само едн.) Периодична физиолошка состојба на мирување на телото при која настапува делумно или целосно отсуство на свесна дејност и на работа на скелетните мускули; спиење. Немирен сон. Ноќи без сон. Од сон се буди. Зборува во сонот.
сон 2 | м.
Во игрите со карти ‒ картите што ќе останат по делењето.
сонант | м.
Еден од гласовите што се по звучност меѓу самогласките и согласките р, л, љ, м, н, њ, ј, од кои р може да образува слог (крвта, ис-тр-ча, пре-кр-ши).
сонантен | прид.
Што се однесува на сонант
сонародник | м.
Тој што е од ист народ со некој друг. Сонародници во странство.
сонаследник | м.
Тој што наследува нешто заедно со друг.
соната | ж.
Вид инструментално дело од три или четири дела различни по темпо и карактер.