сонцобран | м.

Чадор за заштита од сонце.

сонча | несв.

Изложува на сонце некого или некој дел од телото. Мајката го сончаше бебето во претпладневните часови. Легнат на мев го сончаше грбот.

сончаница | ж.

Сончев удар. Луѓето изложени на силно сонце добиваат сончаница.

сончев | прид.

а) Што се однесува на сонце, што припаѓа на сонцеб) Што се однесува на сонце, што припаѓа на сонце 2. Сончев сјај. Сончев залез. Сончева светлина. Сончеви зраци.

сончевина | ж.

Сончева светлина. Летна сончевина. Сноп сончевина.

сончоглед | м.

Едногодишно маслодајно растение со крупен жолт цвет и семе во средината на цветот кој се врти/гледа накај сонцето; Helianthus annuus. Расцветан сончоглед. Поле од сончогледи.

сончогледов | прид.

Што припаѓа на сончоглед. Сончогледови зрна.

сообразен | прид.

Што е во соодветство, во согласност со нешто, соодветен, усогласен. Сообразна терминологија. Плаќањето ќе биде сообразно со услугата.

сообрази | св.

Приведе во согласност, во соодветство со нешто, усогласи. Тој ги сообрази желбите со можностите. Возачот ја сообрази брзината со условите на патот.