сообразителен | прид.

Што се сообразува со нешто.

сообраќа | несв.

За автобус, воз и др. ‒ одржува врска, се движи по однапред определен возен ред. Автобусот сообраќа двапати дневно.

сообраќаен | прид.

Што се однесува на сообраќај. Сообраќаен знак. Сообраќајно средство. Сообраќајни прописи.

сообраќаец | м.

Полициско лице што го регулира сообраќајот.

сообраќај | м.

Превоз, транспорт. Патен сообраќај. Железнички сообраќај.

сообраќајница | ж.

Главен, важен пат за сообраќајот. Главна сообраќајница. Долги и широки сообраќајници.

соодветен | прид.

Што одговара на нешто, што е погоден, дава можности, исполнува услови за нешто. Соодветен предлог. Соодветна награда. Соодветно место. Соодветни мерки.

соодветство | ср.

Согласување, поклопување на предмети или појави во некој однос. Резултатите не се во соодветство со очекувањата.

соодветствува | несв.

Се наоѓа во соодветство со нешто, се согласува, се поклопува. Оценувањето секогаш треба да соодвествува на знаењето.

соодговорен | прид.

Што е одговорен за нешто заедно со некого, што има иста одговорност во извршувањето на нешто заедно со некој друг.