сооднос | м.

Заемен однос, заемна зависност, заемна поврзаност; корелација. Сооднос на силите. Количински сооднос. Хармоничен сооднос.

соодносен | прид.

Што се наоѓа во сооднос, во заемен однос со друг; корелативен. Соодносна врска.

соопштение | ср.

Тоа што се соопштува, известување, вест, новост. Официјално соопштение. Сензционално соопштение. Соопштение од изборната комисија.

соопшти | св.

Извести некого за нешто со оформен текст. Заводот за статистика ги соопшти новите податоци за невработеноста. Раководителот соопшти дека состанокот се одлага. Дописникот соопштил за најновиот културен настан во градот.

соосновач | м.

Тој што учествува во основањето на нешто заедно со друг.

соочи | св.

Доведе некого лице в лице, непосредно пред друг. Кога го соочија со сведокот, се дозна вистината.

сопатник | м.

Тој што патува, оди со некого. Случаен сопатник. Непознат сопатник. Двајцата сопатници го продолжија патот.

сопаше | св.

Симне нешто што се носи опашано (појас, колан, сабја); Орачот со бавни движења го сопаша својот долг појас. Старецот ги сопаша објалата од нозе.