сортирач | м.

Тој што сортира.

сортирка | и.

Машина за сортирање на нешто.

сортирница | ж.

Место, просторија каде што се сортира.

соружи | св.

Подготви. Што коња седлиш, соружиш?

сос | м.

(кул.) Вид каша, прелив за месо, тестенини и др. Доматен сос. Сос од зеленчук. Сос со печурки. Пикантни сосови.

соса се | несв.

Се спаси; се засолне, се прибере. Сите ќе се сосаат во едно сопче.

сосвати се | св.

Стане сват со некого; се ороди. Децата пораснаа заедно, се засакаа, па така соседите се сосватија. Родителите на девојката сакаа да се сосватат со попот.

сосе | предл.

Заедно со нешто; потсилено, нагласено значење на со. Лимоните ги јадеше сосе кора. Се продава куќа сосе мебел.

сосед | м.

Тој што живее до/близу некого, што се наоѓа во непосредна близина на некого. Близок сосед. Деца од соседот. Соседи на катот.

соседен | прид.

Што се наоѓа во непосредна близина на нешто, во соседство. Соседен двор. Соседна маса. Соседна улица. Соседни села.