сопче | ср.
сор | м.
Направа за кастрење лози, гранки, за сечење прачки.
соработка | ж.
Заедничка дејност. Политичка соработка. Културна соработка. Меѓународна соработка.
соработник | м.
Тој што соработува, што работи заедно со некого. Близок соработник. Трговски соработници.
соработништво | ср.
соработува | несв.
Работи нешто заедно со некого. Земјата успешно соработуваше со соседните земји. Земјоделците соработуваат со увозни и со извозни фирми.
сорта | ж.
а) Вид, подраздел во систематизација на растенија, на некои производи и сл. што се изделува од другите такви по некакви карактеристични својства, обележја. Разни сорти трпезно грозје. Сорта тутун за луле. Јаболка од сортата делишес. б) Вид растенија, производи и сл. добиени со вкрстување, одбирање и сл. заради подобрување на приносот, квалитетот, или задоволување на определени барања. Нови сорти пченица. Сорта пенливо вино. Скапи сорти цигари.
сортачи се | св.
Стане ортак со некого. Тие се сортачија во трговија.
сортен | прид.
Што се однесува на сорта
сортира | св. и несв.
Раздели, разделува, распредели, распределува по сорти според квалитетот, размерот, формата и сл. Продавачите го сортираат зеленчукот. Овоштарите ги сортираа јаболката според квалитетот и според големината.