соседски | прид.

Што се однесува на сосед. Соседско внимание. Соседски односи.

соседство | ср.

Непосредна близина со некого, со нешто. Во соседството имаше воен магацин.

сосекува | несв.

соселанец | м.

Тој што живее во исто село со некој друг. Имотен соселанец. Обесхрабрени соселани.

сосем | прил.

Наполно, во целост, до краен степен. Старецот остана сосем сам во селото. Бурето беше сосем празно. Лаежот на кучињата сосема запре. Тие зазедоа сосема спротивен став.

сосеткин | прид.

Што припаѓа на сосетка. Сосеткин син. Сосеткина куќа.

сосече | св.

Отсече дел од нешто. Замавна и врвот му го сосече.

сосила | прил.

Одвај, со краен напор, со мака, со голем труд. Сосила ги искачи скалите. Сосила го положи последниот испит. Децата сосила ги натерав да ручаат.

сосипе | св.

Нанесе голема штета, опустоши, уништи. Поплавите ги сосипаа посевите. Момчињата го сосипаа детето од ќотек. Селското училиште е сосипано.

сосипија | ж.

Сосипување, уништување, пропаст. Новите долгови беа права сосипија.