соул | м.

Стил во музиката, шлагерска музика со меланхоличен призвук и страстен ритам, карактеристичен за американските црнци.

соумева | несв.

соумее | св.

Покаже способност за нешто, се пројави, се изрази со некоја особина, квалитет; успее. Единствено тој соумеа да најде излез од тешката ситуација.

соученик | м.

Тој што учи или што учел заедно со некого. Тој му беше соученик од гимназија. По многу години ги сретна своите соученици.

соучесник | м.

Тој што учествува заедно со некого во извршувањето на нешто (обично непријатно, недозволено, криминално). Тој беше соучесник во кражбата. Неговиот пријател беше сведок на ситуацијата, но не и директен соучесник.

соучесништво | ср.

Заедничко учество во нешто; Соучесништво во криминално дејство. Во брачните односи има соучесништво во љубовта, другарството, довербата.

соучество | ср.

Учество заедно со некого во нешто. Во истражната постапка се утврди и неговото соучество.

соучествува | несв.

Учествува заедно со некого во нешто. Тој не прифати да соучествува во штрајкот со гладување.

софа | ж.

Вид диван за лежење и за седење; канабе. Голема, стара софа за одмор.