состојание | ср.

Состојба.

состојба | ж.

Положба во која се наоѓа некој или нешто. Добра состојба. Имотна состојба. Душевна состојба. Состојби на војна.

состојка | ж.

Составен дел од некоја целина. Хранливи состојки.

сострадалник | м.

Тој што страда истовремено, напоредно со друг.

сосуштествува | несв.

Суштествува, постои истовремено, напоредно; коегзистира. Двата начина на акцентирање на тие состави сосуштествуваат без да има некаква пречка.

сот | м.

Восочна пита со ќелии во форма на правилно и асиметрчно поставени редови, што ги прават пчелите за чување мед или за полагање јајца. Пчелите живееат врз восочниот сот. Вештачки сотови. Со стареењето се намалува зафатнината на ќелиите во сотот.

сотира | несв.

сотирачка | ж.

Уништување, истребување. Сотирачка на народот.

сотре | св.

Сосема уништи, истреби. Војската го сотре непријателот.