софизам | м.

Привидно уверлив, но погрешен или лажен заклучок.

софист | м.

(истор.) Мислител, филозоф, претставник на носителите на хеленската просветеност.

софистика | ж.

Прибегнување кон заклучоци што доведуваат до заблуда.

софистицира | св. и несв.

Воведе, воведува најсовремени методи и технолошки средства за работа.

софистициран | прид.

За човек ‒ што е многу изграден, што има истанчен вкус.

софистички | прид.

Што се однесува на софист. Софистичка расправа.

Софија | ж.

Главен град на Бугарија.

софра | ж.

Дрвена, ниска, тркалезна маса што служи обично за поставување јадење, храна; трпеза. Полна софра. На Бадник фамилијата се собираше околу софрата.

софралак | м.

(арх.) Платно што се ставало под софрата како заштита од валкање на простирките.

софта | м.

Студент по исламска теологија, ученик во медреса.