самоповикан | прид.

Што самиот се смета себеси за обврзан, задолжен, надлежен, способен за нешто; повикан 2.

самопожртвуван | прид.

Што е подготвен, по сопствен избор, да се жртвува за доброто на другите или за општо добро;

самопожртвување | ср.

Пожртвување на самиот себеси за доброто на другите или за општо добро. Самопожртвувањето не беше својствено на неговата егоистична природа.

самопознавање | ср.

Познавање на самиот себеси, на сопствената суштина. Тој беше насочен кон самопознавање.

самопоканет | прид.

Што дошол без покана да учествува, да присуствува некаде каде што е за поканети. Самопоканет гостин.

самопомош | ж.

Помош што си ја укажува повредениот самиот себеси. Во првите моменти најбитна е самопомошта.

самопонижи се | св.

Се понижи самиот себеси.

самопослуга | ж.

Продавница во којашто купувачот се служи сам. Малечка самопослуга. Продавачка во самопослуга.

самопослужување | ср.

Начин на продавање во продавници и во некои ресторани (за брза услуга) во кои купувачот сам го зема и го носи до касата тоа што го купува.