самопочит | ж.

Почит кон самиот себеси. Изгубена самопочит.

самопочитување | ср.

Почитување кон самиот себеси; Самопочитувањето е основа на самодовербата.

самопрегор | м.

Подготвеност на единката да се жртвува себеси за доброто на други или за општо добро. Работеше со самопрегор.

самопрегорен | прид.

Што е подготвен да се жртвува себеси за доброто на другите или за општо добро; самопожртвуван. Самопрегорен активист.2. Исполнет со самопрегор. Самопрегорна работа.

самопрезир | м.

Презир кон самиот себеси. Живееше во самопрезир.

самопрекор | м.

Прекор кон самиот себеси. Растргнат меѓу самопрекорот и самољубието.

самопридонес | м.

Договорен личен придонес што го даваат граѓаните (во пари или во работа) за некаква заедничка цел (изградба на пат, училиште, болница и сл.). Местен самопридонес. Општината организира неколку самопридонеси.

самопризнание | ср.

Признание за сопствената вина, престап и сл. што го дава осомничениот самиот, по сопствена волја. Самопризнанието му ја олесни совеста.

самопрогласи се | св.

Се прогласи самиот себеси за нешто, без почитување на посебно утврдената постапка за тоа. Се самопрогласи за победник.

самопрогонство | ср.

Прогонство на себеси по личен избор. Се казни со самопрогонство.