софтвер | м.
Програма за компјутерска обработка на податоци.
софтверски | прид.
Што се однесува на софтвер, што се прави со софтвер.
софтински | прид.
Што се однесува на софта.
социолингвистика | ж.
Научна дисциплина што ги проучува сите аспекти на појавите и процесите во јазикот, обусловени од односот помеѓу јазикот и општеството.
социолог | м.
Специјалист по социологија.
социологија | ж.
Наука што го проучува општеството, општите законитости на неговото настанување, структура и развој.
социолошки | прид.
Што се однесува на социолог и на социологија. Социолошки метод. Социолошка гранка.
социјала | ж.
Социјална политика што се води за унапредување на животните и работните услови на населението.
социјалдемократ | м.
Приврзаник на социјалдемократијата.
социјалдемократизам | м.
Политички правец, идеологија и движење врз принципите на социјалистичката демократија.