социјалдемократија | ж.
Општ назив за работничките социјалистички партии кои се формирале во капиталистичките земји во втората половина на XIX век и се застапувале за социјалистичко уредување врз принципите на демократијата.
социјален | прид.
Што се однесува на животот на народот во општеството; општествен. Социјален статус. Социјална политика. Социјално осигурување. Социјални закони.
социјалец | м.
Тој што прима социјална помош.
социјализам | м.
Општествено-економски систем што се карактеризира со општествена сопственост на средствата за производство и распределба на доходот според принципот: секому според трудот и резултатите од трудот.
социјализација | ж.
Претворање на приватната сопственост во општествена, поопштествување. Социјализација на селото.
социјализира | св. и несв.
Направи, прави нешто општествено, нешто што припаѓа на сите.
социјалист | м.
Приврзаник на идејата за воспоставување на социјалистичко општествено уредување.
социјалистички | прид.
Што се однесува на социјализам и на социјалист. Социјалистички систем. Социјалистичка револуција.
сочен | прид.
Што содржи многу сок. Сочен плод. Сочна трева. Сочно месо. Сочни гроздови.
сочиво | ср.
(дијал.) леќа2. леќа2_1_2