сочини | св.

Направи, создаде.

сочинител | м.

Творец, создавач.

сочувствен | прид.

Што е исполнет со сочувство, што изразува сочувство. Сочувствен поглед. Сочувствени зборови.

сочувство | ср.

Жал за туѓата несреќа, сомилост. Искрено сочувство. Изрази сочувство.

сочувствува | несв.

Изразува сочувство. Тој сочувствувал со страдањата на своите соселани. Најблиските сочувствуваа со болката на мајката.

сошива | несв.

сошие | св.

Сврзе, спои, соедини едно со друго со шиење. Ги соши ракавите на кошулата.

соѕвездие | ср.

Група ѕвезди со препознатлива форма и со определено име. Соѕвездие Голема Мечка. Небо со ѕвезди и соѕвездија.

соѕида | св.

Изѕида, изгради. Тие соѕидаа мала куќичка на село. Соседот соѕида ограда.