соѕира | несв.
соѕре | св.
сој | м.
Припадност по раѓање, потекло. Невестата беше од добар сој.
соја 1 | ж.
Растение со зрнести плодови (семе) во мешунки што се користат за исхрана; Soja hispida.
соја 2 | ж.
Греди што потпираат домашна лоза.
сојаде ми (ти му ...) | св.
сојка | ж.
Шумска птица што подражава гласови на други птици, особено што пеат убаво и што се одзиваат на нејзиното пеење; Garrulus glandarius.
сојкин | прид.
Што припаѓа на сојка. Сојкини јајца.
сојлија | прид.
Што е од добар сој, од добро семејство, што има добро потекло.
сојуз | м.
Здружување, спогодба на одделни лица, групи или поголем број луѓе за заедничка соработка во нешто, во некоја дејност. Сојуз на металските работници.