спаси | св.
Избави, ослободи некого од нешто (опасност, беда, несреќа и сл.), заштити некого од нешто непријатно. Лекарот му го спаси животот на пациентот. Спасувачката екипа ги спасила завеаните алпинисти. Селаните го спасија добитокот од огнот.
спасител | м.
Тој што спасува; избавител, избавник, избавувач; спасувач.
спасителен | прид.
Што дава спас, што служи за спас; спасоносен. Спасителен потег. Спасително решение. Спасителни потфати.
спаслив | прид.
Што може да се спаси.
Спасовден | м.
Христијански празник посветен на Христовото вознесување на небото, што се слави на четириесеттиот ден по Велигден; Вознесение.
спасоносен | прид.
Што носи спас, што спасува. Спасоносен лек. Спасоносно средство. Спасоносна надеж. Спасоносни совети.
спастира (се) | несв.
спастра | ж.
Ред во куќа. Голема спастра.
спастрен | прид.
Што е уреден, прибран, дотеран. Спастрена куќа. Спастрено дете.
спастри | св.
Доведе нешто во ред, во уредна состојба, собере нешто што е расфрлано, растурено на едно место, раскрене. Спастрив што имаше за спастрување. Домаќинке, спастри си ја куќата!