спасувач | м.

Тој што е обучен и што има задача да спасува, член на спасувачка екипа. Спасувачите ги спасија давениците во езерото. Спасувачите многу помогнаа во спасување на настраданите во земјотресот.

спасувачки | прид.

Што се однесува на спасувач. Спасувачки тим. Спасувачка служба.

спатија | ж.

Една од боите на картите за играње, црна трилисна детелина; треф.

спахилак | м.

Звање, достоинство на спахијата.

спахиство | ср.

Владеењето на спахијата.

спахија | м.

Феудален коњаник во Турското Царство.

спашка | св.

Збрка, набрка некого. Мајката ги спашка децата поради пакоста направена дома.

спаѓа 1 | несв.

спаѓа 2 | несв.

Е вклучен во еднородна средина од лица, предмети и појави. Тој спаѓа меѓу најпознатите собирачи на народни умотворби. Зборникот спаѓа меѓу најважните појави на книжевната преродба. Земјоделството во нашата земја спаѓа во најуспешната гранка на стопанството. Во прва категорија спаѓаат плодовите со добар квалитет и типични особини на сортата.