спев | м.

Подолга поема. Спевот за Одисеј.

спее | св.

Состави, создаде песна или друга поголема поетска творба.

спектакл | м.

Јавна претстава или настап што предизвикува воодушевување и остава силен впечаток со сценски и други визуелни ефекти. Музички спектакл. Интернационални филмски спектакли.

спектакуларен | прид.

Извонредно интересен, величествен, импресивен. Спектакуларен концерт. Спектакуларна програма.

спектар | м.

(физ.) Сноп од разнобојни зраци што се добива при преминување и разлагање на сончевата светлина низ стаклена призма. Бои на спектарот.

спектрален | прид.

(физ.) Што припаѓа, што се однесува на спектар.

спектрограм | м.

Снимка добиена од спектограф.

спектрограф | м.

Направа за снимање на спектри.

спектроскоп | м.

Направа за спектрална анализа.

спектроскопија | ж.

Определување на хемиските соединенија преку проучување на нивните спектри со помош на спектроскоп.