спирант | м.

Во фонетиката ‒ струен консонант.

спири се | св.

Се запне за нешто, се заинаети. Тој се спирил да биде по негово.

спиритизам | м.

Мистично верување дека човекот може да општи со душите на умрените.

спиритист | м.

Тој што се занимава со спиритизам, приврзаник на спиритизмот.

спиритистички | прид.

Што се однесува на спиритизам и спиритист. Спиритистичка сеанса.

спиритуален | прид.

Што се однесува на духот, духовен. Спиритуален живот.

спиритуализам | м.

Идеалистичко учење според кое почеток и основа на сè што постои во светот е духот, а материјата е само негова манифестација.

спиритуалист | м.

Приврзаник на спиритуализмот.

спиритуалистички | прид.

Што се однесува на спиритуализам и на спиритуалист.

спис | м.

Општ назив за официјален документ, исправа, акт и сл.